Фудбал
Челси и Арсенал добиваат нови три бода
„Сините“ победија со јасен резултат 1-4 и со тоа го остварија својот вториот последователен триумф.
Во голема победа на гости, гол постигнаа Абрахам Тами (17′), Маунт Мејсон (24′), Н’Голо Канте (40 ‘) и Мичи Батчиуји (89’), а Ингс, Дени (20 ‘) го постигна голот за Саутемптон.
По овој натпревар, Челси со 14 бодови се најде на петтото место, а Саутемптон со седум бода се најде на 16-то место од табелата.
Арсенал едвај победи против Борнмут. Победата беше заслуга на Давид Луиз кој во 9. минута благодарение на Никола Пепе кој го намести голот ја затресе мрежата на притивникот.
Арсенал со 15 бодови сега се наоѓа на третото место, а Борнмут со 11 бодови на десеттото место од табелата.