Фудбал
Челзи ја одби понудата на Реал за Куртоа
Реал Мадрид му понуди на Чилзи 35 милиони фунти за белгискиот голман, но на „Стемфорд Бриџ“ не ни помислиа да ја прифатат оваа понуда.
„Кралевите“ имаат неколку желби кога е во прашање голман. Прво беше Алисон Бекер, но Реал и Рома не можеа да се договорат, како опција беше и Де Геа кој не се прослави на отворањето на светското првенство на голот на Шпанија, а сега се зборува за понудата која од Мадрид стигна во Лондон.
Реал се обиде за 35 милиони фунти да го купи Куртоа, но Челзи ја одби оваа понуда и рече дека таа сума е премала за овој голман.
Останува да видиме дали Реал ќе испрати нова понуда за Куртоа, или сепак ќе тргнат во Рим, иако одбиваат да дадат 80 милиони евра за голманот на бразилската репрезентација, а Де Геа е „отпишан“ затоа што потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.