Connect with us

Фудбал

Челзи му стави услов на Пулишиќ за да го пушти во Манчестер Јунајтед

Челзи е подготвен да го пушти Кристијан Пулишиќ на позајмица во Манчестер Јунајтед, но има еден услов. Американецот мора да потпише нов договор со сините доколку сака да се пресели на Олд Трафорд.

Новиот сопственик на лондончани, Тод Боели сака да го продаде крилниот напаѓач, но ќе биде тешко да го направи тоа по добра цена за Челзи доколку Пуисиќ не потпише нов договор по истекот на неговиот актуелен за две години.

Самиот фудбалер не успеа да се наметне на Стемфорд Бриџ по трансферот од Борусија Дортмунд пред 3 години за 64 милиони евра. Во овој период американскиот интернационалец одигра 117 натпревари за лондончани во сите натпреварувања, постигнувајќи 25 гола и 19 асистенции.