Connect with us

Фудбал

Челзи продава дури седум фудбалери во текот на зимата

Челзи донесе неколку звучни засилувања ова лето, но тие ќе продолжат да купуваат во текот на јануари следната година.

Сините имаат план да направат што подобар резултат во Премиер лигата, а желбите за јануари им се Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Деклан Рајс од Вест Хем.

Потребни им се околу 150 милиони евра за споменатите играчи, па клубот ќе се обиде да добие пари со продажба на дури седум играчи.

На списокот со играчи кои би требало да бидат продадени се наоѓаат Алонсо, Жоржињо, Рудигер, Кристијансен, Баркли, Мозес и Дринквотер. Сите тие скоро и да немаат никаква улога во сегашниот тим, па затоа требаше да се очекува да им биде прикажана излезната врата.