Поврзи се

Фудбал

Челзи се откажа од „арогантниот“ Енрике

Преговорите меѓу Челзи и Луис Енрике се завршени. Според „Марка“, Шпанецот нема да биде следниот менаџер на „сините“, а причина за тоа се премногу големите финансиски барања на поранешниот тренер на Барселона.

Неодамна Арсенал се откажа од тоа да го покани Енрике за наследник на Арсен Венгер поради слични причини, а според медиумите на Островот, Шпанецот побарал премногу висока плата.

Преговорите, кои од страна на Челзи се предводени од Марина Грановскаја, започнале уште во јануари-февруари и нивниот почеток бил прилично охрабрувачки, но потоа Енрике го покажал својот тежок карактер. 

Според извори блиски до Челзи, однесувањето на Енрике било „арогантно“, а неговите барања за апсолутна власт во однос на изградбата на составот не можеле да бидат прифатени од страна на сопственикот Роман Абрамович.

Што се однесува до иднината на Антонио Конте, утрешното финале во ФА Купот против Манчестер Јунајтед сигурно ќе биде последно за Италијанецот во клубот од „Стемфорд Бриџ“, без оглед на исходот на дуелот, тврди „Марка“.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com