Фудбал
Челзи се откажа од ѕвездата, му порачаа да си најде нов клуб
Челзи ги извести менаџерите на Кепа Аризабалага дека играчот мора да најде нов тим во јануарскиот преоден рок.
Италијанскиот експерт за пазарот Фабрицио Романо објави дека лондонскиот клуб ги известил претставниците на играчот дека може да си замине со формулата за позајмица вовториот дел од сезоната.
Кепа го загуби местото во стартниот тим оваа сезона откако го купи Едуард Менди на лето и ова го доведе во опасност местото на шпанецот.
Гледајќи дека недостасуваат купувачи, Челси нема да има проблем да го добие поранешниот голман на Атлетик Билбао на позајмица.
Овој потег е начин да се зачува вредноста на Кепа на пазарите, со намера да се продаде во јуни.