Connect with us

Фудбал

Челзи во Германија испраќа понуда од 90 милиони евра!

Пандемијата на коронавирус може да стави крај на фудбалот, но не и на шпекулациите за можни трансфери што би можеле да се случат следното лето.

Според „Дејли меил“, Челзи е подготвен да испрати понуда во вредност од дури 90 милиони евра до Германија. Челзи беа „излудени“ од крилниот напаѓач на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

Овој 22-годишник веќе извесно време игра одлично и се нашол на радарот на најбогатите клубови на Стариот континент, но се чини дека за фудбалерот на Јамајка најзаграен е Челзи.

Бејли се приклучи на Леверкузен во јануари 2017 година кога на Гент му беа исплатени 13,5 милиони евра. Тој има седум гола и една асистенција оваа сезона. Причината за скромната статистика е повреда на мускулите, но и дури две суспензии што го натераа да пропушти пет натпревари.

Баерн исто така го сака талентираниот крилен играч, што е своевидно логично за минхенскиот клуб. Заинтересирани се и Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед.