Фудбал
Челзи „загреан“ за фудбалер на Интер, подготвени 28 милиони евра
Според англиските медиуми, тренерот на Челзи Франк Лампард порачал на раководството дека во летниот преоден рок во своите редови сака да го види играчот за врска на Интер, Матијас Весино. За оваа цел, наводно „сините“ се подготвени да издвојат 28 милиони евра.
Уругваецот има договор со Интер до јуни 2022 година, а неговата пазарна цена во моментов е проценета на 23 милиони евра. Во јануари имаше опција да замине во Тотенхем како дел од трансферот на Ериксен, но Весино го одби тоа. Не е во прв план кај Конте, па останува да се види дали по завршувањето на сезоната ќе прифати да се пресели во „синиот“ дел на Лондон.