Поврзи се

Фудбал

Черишев се запиша во историјата на светските првенства

 Тимот на Русија ја победи Саудиска Арабија со 5:0 на стартот на Мундијалот 2018, што претставува втора најубедлива победа на почетокот на едно Светско првенство.

Поубедлива победа од Русија на отварањето на еден Мундијал забележала само Италија во 1934 година, кога како домаќин на турнирот ги декласирала САД со резултат 7:1.

Крилото на рускиот национален тим Денис Черишев исто така го запиша своето име во историјата. Фудбалерот на Виљареал е првиот фудбалер кој постигна гол во натпревар на стартот на Светско првенство, откако се вклучил од клупата.

Поранешниот играч на Реал Мадрид постигна два гола за победата на домаќинот на стартот на Мундијалот 2018. 

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал