Ракомет
Четата на Кире Лазаров вечерва против Финска, еве го составот
Македонија вечерва гостува на Финска во претпоследниот меч од квалификациите за пласман на ЕП во 2022. Учеството на континенталниот собир следната година е обезбедено, но нашата селекција е голем фаворит на овој меч. Кире Лазаров и ракометарите најавуваат победа.
Во конкуренција за настап во Рихимаки ќе бидат 19 ракометари. Меѓу нив се и Лазаров и Миркуловски, кои се членови и на стручниот штаб. Доколку има потреба, нивното искуство ќе помогне во текот на натпреварот против аутсајдерот во нашата група.
