Фудбал
Четири клубови од Бундеслигата ги спасуваат помалите клубови од финансиската криза
Четири клуба од Германија покажаа голема солидарност во време кога пандемијата со коронавирусот се повеќе предизвикува проблеми во светот.
Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг ќе формираат фонд за да ги спасат помалите екипи.
Тие ќе ги надокнадат загубите што помалите тимови ги претрпија поради пандемијата на коронавирус, така што ќе уплатат 20 милиони евра на сојузот.
Тие се откажаа од своите пари од ТВ-правата и додадоа уште неколку милиони, а сојузот ќе ги испрати тие пари во клубовите за полесно функционирање.
Голем потег на овие четири клуба кои покажаа дека и некои големи ривали можат да си помогнатат за време на пандемијата на коронавирусот.