Фудбал
„Чирингито“: Модриќ е опседнат со Манчестер Сити
„Ел Чирингито“ пишува дека Лука Модриќ работи без престан за што побрзо да се опорави. Шпанците додаваат дека хрватскиот капитен постојано работи на опоравување за што поскоро да биде подготвен за полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Шпанските медиуми тврдат дека Модриќ е опседнат со играње против Сити. Првиот полуфинален меч ќе се игра на 9 април во Мадрид, а Модриќ се надева дека може да биде подготвен за тие 90 минути.
За потсетување, „Марка“ наведува дека Лука Модриќ сигурно ќе ги пропушти првенствените натпревари против Алмерија и Реал Сосиедад, но и дека е речиси невозможно да игра против Осасуна во финалето на Купот на кралот, кое е закажано за 6 мај.
Ситуацијата за Модриќ во моментов не е добра. Според новите информации од Шпанија, хрватскиот капитен би можел да пропушти две до три недели поради повреда на мускулот на препоните на левата нога.