Фудбал
„Чкембари“ со три барања во пресрет на продажбата на акциите на ФК Пелистер
Пред утрешната седница на општина Битола на која ќе се дискутира за продажба на дел од акциите на ФК Пелистер, навивачката група „Чкембари“ како дел од фудбалскиот клуб упати три барања до сите советници во општинскиот совет.
- Барањата на „Чкембари“:
1. Поради немањето доволни (никакви) информации за купувачот, пред гласањето, да се обезбедат дополнителни информации за евентуално новиот сопственик. Презентација на проектот како размислуваат да го развиваат клубот во иднина, и да гарантираат транспарентност во иднина, бидејќи, иако се работи за 75% приватна сопственост, ФК Пелистер е субјект кој е од висок јавен интерес за битолчани.
2. Да се вметнат клаузули или одредени анекси во договорот кој ќе го гарантираат зачувувањето на идентитетот на Пелистер. Амблем, боја, име и битолска адреса. Само „зелено-бел“ Пелистер!
3. Иако фудбалот е игра во која некогаш и парите не играат улога во крајниот резулатат, односно голем влог автоматски не значи голем успех. Меѓутоа, континуираното инвестирање може барем најмалку да го загарантирано прволигашкиот статус на клубот во лига како нашата. Бараме да изнајдете начин, некако да биде и самиот инвеститор условен, Пелистер – само Прва лига!