Connect with us

Фудбал

Член на Ливерпул заразен со корона за време на подготовките во Австрија

Залфелден, 18 август 2020 (МИА) – Во редовите на англискиот шампион Ливерпул, кој во моментов се подготвува во Залфелден, Австрија, еден член беше тестиран позитивно за коронавирус.

Не се знае дали тој бил играч или службено лице, но сите лица кои биле во контакт со него биле ставени под карантин.

Веќе неколку дена, првиот тим на Ливерпул се подготвува во австриската провинција Салцбург.

Првично беше планирано англискиот шампион да се подготвува во Франција, но заради високото ниво на инфекција, беше решено да се подготвува за новата сезона во Австрија.

Предвидено е дури и подготвителен натпревар со австрискиот шампион Ред Бул Салцбург.