Connect with us

Други спортови

Чориќ го изненади Федерер за прво финале на Мастерс турнирите

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ за прв пат ќе игра во финале на еден Мастерс турнир, откако денеска во Шангај го изненади Швајцарецот Федерер Роџер Федерер со 2-0.

Двата сета Чориќ ги доби со по 6:4.

Ова е втора победа по ред за Чориќ во дуелите со Федерер кој го бранеше трофејот во кинески Шангај.

Противник на Хрватрот во големото финале ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ.

Досега, Ѓоковиќ и Черих играа двапати, и во двата наврата славеше Србинот, оваа година во Монте Карло и минатата во Мадрид.

Финалето во Шангај е утре со почеток во 10:30 часот.