Connect with us

Фудбал

Човекот на Дешан ќе го спасува Троа во Лига 1

Францускиот прволигаш Троа го назначи Бруно Ирле за нов селектор откако Лоран Батлс беше отпуштен пред неколку дена.

Троа објави дека Ирле потпишал договор до јуни 2023 година.

Тимот освои промоција во елитата минатата сезона, но моментално е на 15. место во табелата во Лига 1 по 19 кола пред неделниот натпревар против петтопласираниот Монпелје.

46-годишниот Ирле освои две првенствени титули со Монако и беше дел од стручниот штаб на Дидие Дешамп по завршувањето на кариерата во 2003 година. Французинот беше тренер на резервите на Монако од 2011 до 2013 година и работеше како телевизиски стручњак.