Кошарка
Чуда се случуваат, а тоа го докажа Лука Дончиќ (ВИДЕО)
Лука Дончиќ се погрижи за ново чудо во НБА лигата. Најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната беше запрен во конференциското полуфинале. Далас Маверикс го победи Феникс Санс со 4-3 во серијата. Предводени од Дончиќ, Мавси одиграа фантастичен седми меч и ги победија Санс на гости со убедливи 90:123. Се беше готово по првото полувреме кога гостите имаа 20 поени разлика, за да потврдат голем триумф во преостанатите две четвртини.
Дончиќ одигра 30 минути и за тоа време постигна 35 поени, имаше 10 скока, четири асистенции и две украдени топки. Ја имаше поддршката од Спенсер Динвиди кој постигна 30 поени.
😮La HISTÓRICA EXHIBICIÓN de @luka7doncic en tan SOLO TRES CUARTOS, en ¡30 minutos!
35 puntos
10 rebotes
4 asistencias
2 recuperaciones
12/19 en tiros de campo¡Los @dallasmavs a las FINALES de CONFERENCIA! pic.twitter.com/sIrL5xrtdG
— NBA Spain (@NBAspain) May 16, 2022
Кај Санс целосно потфрлија најдобрите Девин Букер со 11 и Крис Пал со 10 поени, а оваа франшиза ја завршува сезоната порано од очекуваното.
Маверикс ќе играат против Голден Стејт Вориорс во финалето на Западот, додека последната двојка на Истокот ја сочинуваат Мајами Хит и Бостон Селтикс, кои во плејофот го победија Милвоки Бакс со 109:81.