Connect with us

Фудбал

Чудна изјава на Куман, го оправда Меси кој „нокаутираше“ противнички играч

Лионел Меси за прв пат во кариерата, во дресот на Барселона, доби црвен картон. Сосема заслужено. Во последната минута од второто судиско продолжение практично нокаутираше противнички играч, веројатно исфрустриран од поразот во финалето на Суперкупот и тоа што ќе остане без трофеј.

Сепак, иако е многу чудно, тренерот Роналд Куман го оправда Меси.

Можам да го разберам она што го направи Меси. Не знам колку пати го фаулираа, но нормално е така да реагирате кога вас ве удираат и фаулираат цело време. Ќе ја погледнам ситуацијата повторно, изјави Куман.