Фудбал
Чудна изјава на Мохамед Салах, со која ги загрижи сите во Ливерпул?!
Веќе подолго време се водат преговори меѓу Ливерпул и Салах околу продолжувањето на договорот, а одличниот Египќанец даде чудна изјава дека работите не одат во најдобар правец. Од неговото доаѓање на Енфилд, Салах стана еден од хероите на Клоп.
„Не знам што ќе се случи. Имам уште една година од договорот. Мислам дека навивачите знаат што сакам, но договорот не е сè за пари“, изјави Салах.
Без разлика кога ќе замине од Ливерпул, тој изјави дека заминувањето од Енфилд Роуд ќе биде многу тажен момент за него.
” На трибините има транспаренти посветени на мене, секогаш пеат песни наменети за мене. Ќе биде навистина тажен момент”, вели Салах.
Од доаѓањето во Ливерпул во 2017 година, Салах има освоено шест трофеи, а досега има постигнато 155 гола на 245 натпревари што е импресивна бројка.