Connect with us

Фудбал

Чудо на дете: Го сакаше Арсенал, но оди во Баерн за огромна сума пари

Според информациите што доаѓаат од Франција, Баерн е многу близу до завршувањето на договорот за доведување на напаѓачот на Лил, Николас Пепе.

Играчот на Лил одигра одлично оваа сезона и постигна 18 гола и 11 асистенции, предизвикувајќи внимание на многу европски гиганти, а поголемиот дел од интересот го покажа Арсенал.

Се пишеше дека минатата недела Баерн започна преговори со Лил за доведување Пепе, со оглед на тоа Лил веројатно ќе се квалификува за следната сезона во Лигата на шампионите, Баерн смета дека треба што е можно поскоро за да се заврши оваа работа, бидејќи цената на Пепе потоа ќе се зголеми.

Според „Bein Sports“, Баварците испратија понуда од 80 милиони евра за играчот на Лил, а дел од сумата за овој играч треба да плати Адидас, кој е спонзор на Баерн.