Connect with us

Ракомет

Чупиќ отворено: ЕХФ не само што не ни помага, туку прави да ни биде – потешко!

Десното крило на Вардар Иван Чупиќ вели дека одложувањето на некои натпревари од елитното натпреварување нема смисла. Многу емотивно и жестоко распали по Европската ракометна федерација (ЕХФ) откако два меча на македонскиот и сè уште актуелен европски првак му одложија два меча од Лигата на шампионите поради проблемите со епидемијата од коронавирус.

„Тоа нема никаква смисла, работиме, тренираме и зависиме од ситуацијата. Подобро воопшто да не се игра ако е вака, бидејќи не е регуларно. Жалосно е што на сето ова молчат клубовите и играчите, тоа никако не е во ред, бидејќи на крај тоа нив ќе им се одбие од глава со ваков ритам на играње. Клубовите од ЕХФ не добија ништо за поддршка во време на корона кризата, а со ваков однос од нивна страна, работата само им се отежнува“, вели Чупиќ.