Кошарка
CNN: Девет лица загинаа во хеликоптерската несреќа на Коби и неговата ќерка
Последните информации кои ги објави CNN се дека во хеликоптерката несреќа која утрово се случи се наоѓале девет лица, а не четири како што првично беше објавено.
Ужасот од трагедијата и паѓањето на хеликоптерот, во кој животот го загуби славниот кошаркар Коби Брајант, го потресе светот.
Низ целиот свет, познато е дека легендарниот ас на НБА користел хеликоптер како средство за превоз, а надлежните истражуваат што довело до трагедија.
Несреќата на хеликоптерот се случи во Калабасас, Калифорнија и според првите информации загинати се сите кои биле во хеликоптерот.