Тајмаут
CNN: Португалија не смее да ги потцени македонските фудбалери
CNN попладнево со анализа за вечерашниот натпревар Португалија-Македонија. Во неа се вели дека во никој случај репрезентацијата на Португалија не смее да ги потецени македонските фудбалери, пренесува 360 степени.
Се нагласува и фактот дека Македонија ја победи Италија пред само неколку дена.
„Северна Македонија е фантастична приказна и покажа дека ниту еден тим не смее да биде потценет кога станува збор за квалификација на турнир од вакво ниво. Тие ја победија Германија на гости пред една година, ја победија Италија на гости минатата недела, што значи дека Португалија не смее да ги потцени и тие знаат дека им е потребен најдобар настап за да победат вечева. Португалија покажа и дека знае да одигра најдобро кога тоа се бара од нив, сигурни се во себе, но знаат и дека не смеат да ја потценат Северна Македонија, кои досега направија многу за да стигнат до овде и сонуваат за уште една ноќ за паметење“,
Погледнете го видеото: