Connect with us

Тајмаут

Да не го направеше Нејмар тоа ќе бев со него-Една од најубавите одбојкарки започна „кариера“ на сајт за возрасни: Таму заработувам 50 пати повеќе (ФОТО)

Една од најубавите одбојкарки Кеј Алвес реши да се сврти кон онлајн активностите за возрасни, каде што отвори профил и заработува милиони.

Кеј е многу популарна на Инстаграм, каде ја следат три милиони луѓе, меѓу кои и светски познати спортисти. Таа самата проговори за ситуацијата која ја имала со Нејмар.

– Знаеш ли што рече? „Кој знае, можеби ќе завршам со двете. Сестра Кејти и јас зборуваме за се. Дали навистина мислеше дека нема да го спомнам? Да не ѝ пратеше порака, само да ме контактираше, јас веќе ќе бев во Париз – рече таа, откривајќи ситуација со Нејмар, неа и нејзината сестра.

Се проценува дека заработува милиони годишно на платформата за возрасни.

– Влегувам во трета година во професионална одбојкарска екипа и се сметам за професионален спортист, но работите надвор од теренот почнаа да се подобруваат, па почнав да обрнувам малку повеќе внимание на таа споредна кариера. Сакале или не, тоа е мојот најголем приход денес. Заработувам 50 пати повеќе на дигитални платформи отколку од одбојка, а уште повеќе на OnlyFans бидејќи месечната цена од 16 евра е фиксна – објасни таа за втората работа.

Поддршката од другите не и е важна.

– Мојот тим ме поддржува, иако не сите соиграчи се многу среќни поради тоа. Но, некои од нив го покажаа вистинското лице и барем знам кој е мојот пријател. Очигледно на некои луѓе им е погрешно што јас заработувам многу повеќе од нив. Сепак, клубот знае дека не правам ништо што му наштетува на имиџот на клубот и нашиот тим. Им кажав за каква платформа всушност станува збор, а многумина имаа погрешни мислења, изјави Алвес.