Connect with us

Фудбал

Да не поверуваш, Солскјер го моли Кавани помалку да трча!

На мечот против Фулам, искусниот Уругваец, Единсон Кавани го постигна својот петти гол во дресот на Манчестер Јунајтед. Солскјер е задоволен од она што го покажува овој 33-годишен напаѓач, но сепак често пати знае да го изнервира, бидејќи оди на крило и премногу се троши.

-Понекогаш сум фрустриран кога ќе отиде на страна, бидејќи тој е играч кој сакаде да го имате во казнениот простор. Ито така го молам помалку да трча, вели Солскјер.

Меѓутоа, Кавани секогаш бил таков играч. Секогаш давал се од себе за тимовите во ки играл и поради тоа не е чудно што е еден од најдобрите напаѓачи во светот во изминатите неколку години.

За потсетување, Кавани играше уште за ПСЖ, Наполи и Палермо.