Фудбал
Да не сакате на одмор некој од нив да носам со мене-Јурген Клоп ги насмеа сите со одговорот на прашањето што мисли за противничките фудбалери
Ливерпул убедливо победи против Спарта во Прага (5:1), можеби неочекувано лесно и со тоа се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа. Сепак, по одличната игра на англискиот тим, нивните „5 минути“ ги дочека и нивниот тренер Јирген Клоп.
🔴 Did any Sparta player impress you tonight?
Jurgen Klopp: “I retire in the summer. Or you want me to take him on holiday?”. pic.twitter.com/DvK1sfnlWk
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 7, 2024
Имено, еден од новинарите го праша дали му се допаѓа некој играч од противничката екипа, на што тој одговори: „Одам во пензија на лето, или можеби сакаш да носам некој на одмор со мене?
Навистина интересен одговор од германскиот стратег, а што се однесува до прашањето кој ќе биде негов наследник на клупата на Ливерпул, се почесто се споменува Чаби Алонсо, кој моментално е на клупата на Баер Леверкузен, со кој е на на прагот на историска титула во Бундеслигата.
Дополнително, Дарвин имаше два гола и сега има пет на последните четири натпревари.
„Тој имаше апсолутно повеќе од добар натпревар во првата сезона, но мораше да се прилагоди, тоа беше направено. Тој сака да игра за овој тим заедно со овие момци и квалитетот му излегува од уши, да бидам искрен“. „Дали тој е дури и на својот апсолутен врв? Не е моментално за нас. Но, дали може да се развие? Да. Дали тој е закана цело време? Да“.