Connect with us

Фудбал

Да падне од чамец, ќе ја утне водата! Навивачите бесни на Лукаку (ВИДЕО)

Едноставно, ништо не му оди како минатата сезона во која беше најдобар стрелец на Интер со кој ја освои Серија А, а доказ за лошата форма видовме вчера на полуфиналниот натпревар од ФА Купот против Кристал Палас. Тој влезе наместо Маунт при водство од 2-0 (што беше и конечен резултат на натпреварот) и имаше одлична можност на сините да им донесе трет гол и поубедлива победа, но не ја искористи.

Во 90. минута од само неколку метри успеа да ја погоди стативата.

Навивачите на Челзи, иако нивниот тим се пласираше во финалето каде ќе игра против Ливерпул, се бесни на Ромелу Лукаку. На социјалните мрежи се појавија десетици коментари кои го критикуваат 28-годишниот Белгиец.

Еден од коментарите беше дека ќе ја промаши водата доколку падне од чамец, тоа е Лукаку.

На 37 натпревари постигна 12 гола. Покрај тоа, тој пред неколку месеци отворено изјави дека би сакал да се врати во Серија А, а неговото заминување се почесто се споменува во последните недели откако беа воведени санкции за сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.