Connect with us

Фудбал

Да се гледаат само пријателските натпревари, Бразилците би биле светски шампиони

Фудбалската репрезентација на Бразил во Лондон го совлада Уругвај со 1:0 и така ја продолжи својата неверојатна низа во пријателските натпревари.

За Бразилците е вистинска штета што пријателските натпревари не се бројат како натпреварувачки, но доколку беше така – Нејмар и друштвото сигурно би кренале некој трофеј за подвигот кој го направија во 2018. година.

Бразил одигра девет пријателски натпревари и оствари девет победи. Да биде уште по импресивно, „Кариоките“ немаат примено ниту еден гол и имаат гол разлика од 20:0.

Бразилците ја совладаа Русија (3:0), Германија (1:0), Хрватска (2:0), Австрија (3:0), САД (2:0), Салвадор (5:0), Саудиска Арабија (2:0), Аргентина (1:0) и Уругвај (1:0).

Сепак, тоа е слаба утеха за сите навивачи на оваа селекција кои доживеаа разочарување на Светското првенство во Русија, каде „Кариоките“ беа елиминирани во четвртфиналето иако важеа за први фаворити на турнирот.