Фудбал
Дали Барселона ќе направи очајнички потег, ПСЖ им понуди кој провоцираше и ги пцуеше навивачите на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)
Барселона со сите сили се обидува да се ослободи од Усман Дембеле. Наводно ПСЖ е заинтересиран, но не сака да плати кеш. Францускиот тим им го понудил Анхел ди Марија во замена за Дембеле, фудбалер кој пред да дојде во Франција го носеше дресо на лутиот ривал на Барселона, Реал Мадрид. Сепак, ова веројатно не е најголемиот проблем. Уште поголем проблем е тоа што навивачите на Барса се уште го паметат Аргентинецот кој како член на ПСЖ во 2017 година, на Камп Ноу во осминафиналето од Лигата на шампионите ги замолкнуваше откако Кавани намали на 1-3, а потоа упати и низа пцовки на нивна сметка. Дали оваа зделка ќе се рализира и дали Барселона ќе направи очајнички потег, тешко е да се верува.