Connect with us

Фудбал

Дали е на повидок нова „БОМБА“: Принцот кој го купи Њукасл не застанува, го сака и италијанскиот гигант

Инвестицискиот фонд ПИФ од Саудиска Арабија го презема Њукасл, со што овој англиски тим преку ноќ стана најбогатиот тим во фудбалскиот свет. Но, принцот Мохамед бин Салман не планира да застане тука. Наводно, тој сака да го купи и италијанскиот гигант Интер.

Италијанските медиуми веќе подолго време пишуваат дека кинеските сопственици, поточно компанијата Сунинг, поради државните ограничувања во Кина е во криза. Сопствениците должат пари, а една од опциите е продажба на Интер.

Иако ги продадоа Лукаку и Хакими, сепак не успеаја да ги средат финансиските книги. Интер и натаму е во големи долгови кои за една година изнесуваат рекорд во Италија од над 200 милиони евра. Новите информации велат дека доколку до летото не најде 100 милиони евра, за покривање на дел од финансиската дупка, Интер ќе оди на продажба.

Одредени медиуми пишуваат дека инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија ПИФ е заинтересиран да го купи тимот, а една од гаранциите е да се дозволи да градат нов стадион со цел да се намалат расходите, а со тоа да се зголемат приходите.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама