Connect with us

Фудбал

Дали е на повидок пресврт, Ибра ја менува одлуката?!

Златан Ибрахимовиќ оваа сезона втор пат во неговата кариера го носи дресот на Милан. Има договор до крајот на оваа сезона, а многумина се прашуваат дали ќе остане подолго на „Сан Сиро“.

Во договорот има клаузула во која се вели дека има можност да се продолжи соработката за уште една сезона. Сепак, одлуката зависи само од него.

Наводно директорите Малдини и Бобан веќе работат на случајот да го убедат Ибра да остане уште една сезона, а иако не е потврдено сепак тој дал сигнал дека би можел да ја продолжи соработката за уште една сезона без разлика дали Милан ќе обезбеди пласман во ЛШ или не.