Connect with us

Фудбал

Дали е ова знак дека тој е избраниот? Легендата на Барселона порача: Сакам дома

Легендарниот фудбалер Чави Ернадез се чини дека ќе биде новиот тренер на Барселона. Во моментов се водат преговори помеѓу каталонскиот тим и Ал Саад, каде што тој во моментов е тренер и има важечки договор за уште една година. Сепак, има сигнали дека ќе го пуштат, но првите луѓе на Ал Саад сакат да седнат на маса со Лапорта за да преговараат околу условите. Можно е Чави да биде пуштен да замине без обесштетување.

Ако се суди според неговата изјава, тоа и ќе се случи. Тој порача дека сака да се врати дома.

-Разговарав со луѓето од Барселона пред неколку дена. Сега сѐ зависи од тимовите. Тие треба да се договорат. Сакам да се вратам дома и се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, вели Чави.