Connect with us

Тајмаут

Дали е подготовка за крајот на кариерата, Кристијано Роналдо гради луксузна вила?!

Кристијано Роналдо одлучи да започне со изградба на луксузна вила на португалскиот брег. Купил огромно парче земја во Квинта да Мариња и наскоро ќе почне да гради вила вредна околу 10 милиони евра.

-Парцелата неодамна беше оградена и купена од Роналдо. Тој ќе живее тука со семејството на крајот од кариерата. Сите се среќни што ја избра оваа локација. Роналдо е Роналдо, изјави за магазинот ТВ7 човекот кој е опишан како „иден сосед“.

Роналдо има бројни имоти ширум светот, но сепак реши по завршувањето на кариерата да најде мир со семејството на луксузниот дел од португалското крајбрежје.

Кристијано има седумкатница во Мадеира, каде што живеат неговата мајка Долорес и брат Хуго, како и имоти во Торино и Мадрид вредни неколку милиони евра.