Connect with us

Фудбал

Дали е утврден датумот за Премиер лигата, ќе се доиграат сите мечеви?

Англиската Премиер лигата би можела да продолжи на 8-ми јуни, а ова е прв сериозен датум кој британските медиуми го дознале како можен за продолжението на сезоната.

Последниот меч во оваа лига одигран е на 9-ти март помеѓу Лестер и Астон Вила, по што беше познато дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета е позитивен на коронавирус. Тогаш првенството беше откажано.

Клубовите во петокот се договориле да бидат одиграни сите мечеви до крај, но не ги прецизирале датумите. Сепак, Скај Спортс информира дека 8-ми јуни е најреалниот датум кога сезоната ќе продолжи.

Ливерпул во моментов е лидер со 82 бода и речиси е сигурно дека тимот на Јурген Клоп ќе стане првак на Англија. Имаат во моментов 25 бодови предност во однос на Манчестер Сити, но и натпревар повеќе.