Connect with us

Фудбал

Дали Енис Барди ќе направи трансфер од соништата, Милан подготвил понуда за Леванте?!

Италијанскиот гигант Милан е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Енис Барди, тврдат дел од шпанските медиуми. Договорот на Барди со Леванте, кој најверојатно ќе испадне од лигата, му истекува на лето, па тогаш како слободен играч може да замине. Сепак, постојат екипи кои го сакаат уште сега, во јануари. Една од нив е Милан. Наводно италијанскиот тим нуди 5 милиони евра за Барди, додека Леванте бара 9.

Освен Милан, за услугите на Енис Барди се заинтересирани Реал Сосиедад, Олимпик Марсеј и Торино.