Connect with us

Фудбал

Дали ФИФА прави преседан? Сред сезона го смени правилото за трансфери за руски и украински клубови

Светската куќа на фудбалсот објави дека ќе ги замрзне сите договори на странските фудбалери со клубови од Русија и Украина. Руската воена интервенција на украинска територија резултираше со стотици фудбалери кои сега се бегалци, а украинската лига е прекината на неодредено време.

За разлика од неа, руската лига се игра најнормално, но и покрај тоа ФИФА одлучи со оваа одлука да им отвори шанса на сите странци во Русија да можат да си заминат, доколку сакаат.

„Во врска со ситуацијата во Украина, со цел да им се овозможи на играчите и тренерите да работат и да добиваат плата, како и да се заштитат украинските клубови, доколку засегнатите страни обврзани со договор не се договорат поинаку, сите договори за вработување на странските играчи и тренери во клубови под капата на Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) ќе бидат автоматски замрзнати до крајот на сезоната во Украина (30 јуни 2022) без засегнатите страни да треба да преземат никакви постапки“, се додава во соопштението.

Слични мерки ФИФА објави и за Русија.