Фудбал
Дали го видовте голот на дефанзивецот на Интер, гол на сезоната (ВИДЕО)
Интер синоќа славеше со 2:о против Фросиноне, па на паузата за репрезентациите заминува со предност од два бода во однос на второпласираниот Јувентус. Мечот го одбележа феноменалниот гол на дефанзивецот Димарко кој успеа да погоди од поливина терен, благодарејќи на тоа што голманот на Фросиноне беше далеку од гол линијата. Овој гол сигурно ќе конкурира за гол на сезоната во Серија А. Вториот гол беше дело на Чалханоглу од пенал.
Standings provided by Sofascore