Connect with us

Фудбал

Дали конечно тргна работата? Њукасл добива две големи засилувања

Како што е познато, Њукасл со доаѓањето на новите сопственици стана еден од најбогатите клубови во светот, а се очекува до крајот на јануарскиот преоден рок да донесат неколку звучни засилувања.

Сега целта на „Страчките“ е да обезбедат опстанок во друштво на најдобрите, а дури во лето се очекуваат големи промени во однос на играчкиот кадар.

Минатата недела Њукасл го претстави Киеран Трипие кој пристигна од Атлетико Мадрид, а неколку дена подоцна и Крис Вуд од Барнли. Но, Њукасл нема да застане на овие засилувања.

Имено, англиските медиуми објавија дека Њукасл вчера испратил понуда до Аталанта за Тобако Запата од 30 милиони евра и се надеваат дека Колумбиецот ќе дојде на Ст. Џејмс Парк каде сигурно би бил големо засилување.

Покрај Запата, англискиот клуб преговара и со Севиља бидејќи интерес покажаа за стоперот Диего Карлос. Тој сака да ја продолжи кариерата во Премиершип, а останува клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.