Фудбал
Дали Ливерпул ќе има лесна задача, Астон Вила ќе настапи со младинците?!
Астон Вила на вечерашниот дуел од ФА Купот најверојатно ќе настапи со младинскиот погон. Според последните информации голем број фудбалери се позитивни, на теренот нема да биде ниту тренерот Дин Смит, па екипата ќе ја води Марк Дилејни. Ќе користи играчи од младинскиот погон, но и од тимот за играчи до 23 години. Ако добро се сеќавате, претходната година поради настап на Светското клупско натпреварување и поклопување на термините, Ливерпул во Карабао Куп против Астон Вила играше со младинци и беа поразени со 5:0. Сепак, веројатно Ливерпул уште го „боли“ поразот од Астон Вила во Премиер лигата кој се случи во месец октомври минатата година и тоа со неверојатни 7:2.