Connect with us

Фудбал

Дали Милан има небрусен дијамант, прв меч во Серија А, четири минути на теренот и веднаш гол (ВИДЕО)

Талентираниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Чака Траоре се претставува на најдобар можен начин во сениорскиот фудбал, а откако тренерот на Милан, Стефано Пиоли почна да му дава шанса во првиот тим.

Чака Траоре (19) го постигна првиот гол во Серија А во кариерата во денешната победа на Милан на гостувањето кај Емполи од 3:0. Во игра влезе во 84. минута, а само четири минути подоцна погоди за конечни 3:0 со прекрасна реализација од прва во далечниот агол од голот на Емполи.

Претходно погодија Рубен Лофтус-Чик и Оливие Жиру.

Но, сето тоа се случи пет дена откако тој го постигна својот прв гол во сениорскиот фудбал. Тоа се случи во вторникот во Купот на Италија кога постигна гол во победата од 4-1 над Каљари.