Фудбал
Дали навистина е повреден, Кристијано Роналдо „избегал“ во Португалија кога дознал дека нема да биде стартер против Манчестер Сити?!
Во пресрет на градското дерби против Манчестер Сити, Роналдо дознал дека нема да биде меѓу стартерите, по што следува потег кој не е достоен за вистински шампион и најдобар играч во историјата како што се смета славниот Португалец.
„Сан“ објави сторија за тоа како Роналдо „побегнал“ во Португалија кога дознал дека нема да биде меѓу стартерите на „Етихад“.
Тренерот Ралф Рангник пред натпреварот изјави дека му требаат свежи нозе во текот на натпреварот и дека Роналдо може да направи повеќе кога ќе дојде од клупата.
Сепак, најпопуларниот фудбалер на денешницата инсистираше дека може да биде стартер и се налути по одлуката да не биде во стартниот состав.
После тоа, тој одеднаш се пожали на болки во колкот и отпатува за Португалија, што ги изненади соиграчите.
37-годишниот фудбалер се чувствуваше подготвен и размислуваше позитивно на тренингот, со нетрпение го очекуваше градското дерби, но сепак лоши вести пристигнаа во петокот.
Лекарската служба му открила на Рангник дека Роналдо не бил подготвен за максимални напори, по што германскиот тренер решил да го остави на клупата.
После сите случувања, Роналдо во саботата реши да го напушти клупскиот хотел и отпатува за Португалија каде барем се надева дека потоплото врмее ќе ја санира споменатата повреда.
За потсетување, Манчестер Јунајтед го загуби дербито со 4:1, а пласманот во Лигата на шампионите сега е под уште поголем знак прашалник.