Фудбал
Дали навистина станува збор за грешка-Гледав како УЕФА ги мести паровите, екс претседател на ФИФА одамна го има кажано ова
Скандалот што се случи на жрепката за нокаут фазата од Лигата на шампионите предизвика бурни реакции во светската фудбалска јавност.
Да потсетиме, на жрепката одржана во Нион во понеделникот се случи незаборавен срам. Водечките луѓе на УЕФА, кои беа задолжени за спроведување на жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, направија неверојатни грешки, па во истиот ден се повтори жрепката.
Clubs involved in Champions League draw mistake are in direct contact with Uefa to clarify the situation. Still waiting for final decision. ? #UCL
This is what happened, via @mjcritchley ⤵️pic.twitter.com/zlFxP7C8OO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 13, 2021
Прво ги споија Виљареал и Јунајтед кои беа во иста група, а при жрепката на ривалот Атлетико Мадрид не му ја “фрлија топката” на Јунајтед, што е сериозен пропуст. Клубовите се побунија и УЕФА беше принудена да ја признае грешката и да ја повтори. Веднаш објавија дека се работи за софтверска грешка.
Но, дали сето ова е случајно. Уште во 2016-та година, во интервју за аргентински медиуми, поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, против кого исто така имаше случај за корупција, поради доделување на СП на Катар во 2022, зборуваше дека гледал како УЕФА ги мести паровите.

-Еден човек во Европа имаше моќ да ги одреди жрепките .Тоа беше претседателот на УЕФА, Артемио Франки. Италијанецот тоа го направи во жрепката за клупските натпреварувања. Никогаш не сум учествувал во вакво нешто. Секако дека жрепката можете да ја поставите со топли и ладни топчиња. Ставете ги малку во фрижидер пред жрепката и нема шанси да не почувствувате која е ладна и која треба да се извлече. Вакви работи не се случуваа во ФИФА, но бев сведок на такви моменти во УЕФА. На највисоко ниво, изјави тогаш Блатер.
Ова интервју на Сеп Блатер направено пред речиси седум години, сега стана актуелно поради срамната ситуација која се случи во понеделникот.