Фудбал
Дали навистина вреди 100 милиони евра? За 30 секунди упропасти се што можеше да се упропасти
Општиот впечаток е дека клубовите денес плаќаат многу повеќе за играчи отколку што всушност вредат.
Аурелиен Чоамени зад себе има многу импресивна сезона и привлече големо внимание од најбогатите клубови на денешницата.
За неговиот потпис меѓу другите се борат Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ, а тој е најблиску до носење на дресот на новиот европски шампион.
Веќе во текот на неделата, еминентни европски медиуми објавија дека Реал се согласил да го доведе 22-годишниот фудбалер за сума од 100 милиони евра.
Чоамени моментално е на репрезентативен ангажман со Франција во Лигата на нации. Тој беше стартер во ремито против Австрија (1:1).
Wtf this guy is lost pic.twitter.com/qlhRkyIekM
— mohamed alzaabi 🇦🇪 (@jwalker1221) June 10, 2022
Младиот играч за врска не се прослави по својот настап бидејќи успеа да уништи се што можеше да се уништи на околу 30 секунди.
Имено, иако имаше чисти ситуации, Чоамени за половина минута успеа да загуби дури четири топки. Премногу за некој проценет на 100 милиони евра.
Талентираниот играч за врска можеби има оправдување со тоа што неговиот меч против Австрија беше 54. сезонава, но тоа не му помогна да не стане цел на потсмев на социјалните мрежи.