Connect with us

Други спортови

Дали Новак Ѓоковиќ мора да биде суспендиран?!

Новак Ѓоковиќ ја доживеа најголемата непријатност откако почна да се занимава со тенис, пред мечот побараа од него да направи допинг тест. Пред дуелот со Камерон Нори во четвртфиналето на Дејвис купот, луѓето од антидопинг агенцијата сакаа да го тестираат.

Поранешниот француски велосипедист Марк Мадио (64) се огласи и тврдеше дека Новак треба да биде казнет.

„Имаме правило за контрола пред и по натпреварувањето, тој го одби тестот претходно. Ако луѓето задолжени за допинг контрола си ја вршат својата работа, тогаш господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран. Во велосипедизмот треба да се тестираш, ако одбиеш се брои како позитивен, ако си позитивен тогаш си казнет, ​​немаш право да го одбиеш тестот“, рекол Мадио.

По тој меч со Нори, самиот Новак зборуваше за ова.

„Отсекогаш сум поддржувал тестирање, но не пред натпреварот. Што менува тоа? Ќе бидам тука и кога ќе заврши натпреварот, тестирајте ме тогаш. Сè уште не сум направил целосна проверка, има човек во ќош седи таму, ме следи неколку часа, не се одвојува од мене. Имав дискусија со луѓе од антидопинг агенцијата, не можев да верувам каква одлука донесоа. За повеќе од 20 години од мојата кариера, ова никогаш не ми се случило.Тие даваат известување дека си избран за допинг контрола, а јас треба да излезам на терен за час и половина“, изјави Ѓоковиќ.

Advertisement