Фудбал
Дали отпаѓаат Реал, Барса, Сити, ПСЖ, се најавува незамислив трансфер на Мохамед Салах?!
Се уште нема договор меѓу Ливерпул и Мохамед Салах, што на некои клубови им дава надеж да сонуваат за ангажирање на одличениот Египќанец. Договорот на Салах со „црвените“ истекува во 2023 година. Понудата на маса не ги исполнува условите на еден од најдобрите светски фудбалери, па не е исклучена разделба.
„Газета дело Спорт“ наведува дека Јувентус со доведувањето на Салах би направил совршено комплетирање на напаѓачката сложувалка, бидејќи левата страна е резервирана за Федерико Киеза, а врвот на нападот за Душан Влаховиќ.
Салах претходно играше во Италија за Рома и Фиорентина, па во овој случај може да се применат даночни олеснувања кои овозможуваат помал данок на плата, што значи дека Јувентус може да му понуди повеќе пари на капитенот на „фараоните“.
На почетокот изгледа невозможно и незамисливо, но нешто слично се случи пред неколку години со Кристијано Роналдо кој заврши во Торино.
Сепак, Јувентус не е во истата ситуација како пред неколку години. Ниту финансиски, ниту игриво, па на евентуалното доаѓање на Салах во Торино дефинитивно сепак може да се гледа како на „забранет сон“.