Фудбал
Дали Пиатек прави уште еден феноменален трансфер?
Полскиот напаѓач Кжиштоф Пиатек (25) би можел да направи уште еден голем трансфер.
Откако во 2019 година се пресели од Џенова во Милано, каде, сепак, не се снајде најдобро, Пиатек сега може да ги засили редовите на италијанскиот шампион Јувентус.
Медиумите на Апенините тврдат дека полскиот напаѓач е една од идеите на управата на Старата дама, но дека се уште не е донесена одлука за можна понуда за овој фудбалер.
Пиатек не би имал ништо против да ја игра улогата на резервен напаѓач за Алваро Морати и тој сигурно би бил желен да потпише за тим како Јувентус.
Полскиот фудбалер во моментов е член на Херта. Во Берлин, сепак, тој не блеска и не се задоволни од неговите настапи, со оглед на тоа што за него беа платени 27 милиони евра.
25-годишникот експлодираше во дресот на Џенова во 2018 година. Тој постигна 19 гола на 21 натпревар, проследено со трансфер во Милан вреден 35 милиони евра.
Сепак, „росонерите“ го продадоа една година подоцна, но Херта не е задоволна од неговите девет погодоци на 30 настапи.
Се споменуваше и неговото враќање во Џенова, но досега немаше ништо од тоа.