Connect with us

Тајмаут

Дали Португалецот ја изневерил Георгина, инфлуенсерка тврди дека Роналдо ја поканил во соба и имале се*с пред СП во Катар (ФОТО)

Англиските медиуми на големо пишуваат за инфлуенсерка која тврди дека имала афера со еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо. Како што пишува „The Sun“, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед жестоко ги отфрлила наводите на инфлуенсерката која тврди дека откако направила селфи во холот во кој престојувал португалскиот тим, и испратил порака и ја поканил во соба.

Како што понатаму се наведува, славниот фудбалер ноќта ја поминал со девојка во хотелот „Вила Нова де Гаја“, на северот на Португалија. Наводно тоа беше 25 март минатата година додека Роналдо и репрезентацијата се подготвуваа за Светското првенство во Катар.

„Кога ја прочитав пораката, помислив дека само ќе разговараме, ќе се запознаеме малку подобро, за да ја искористам можноста да направам уште неколку фотографии со него“, напиша Венецуелката на Инстаграм.

“Не мислев дека ќе се случи, но едноставно се случи. Иако се согласив на тоа, мислам дека бев изманипулирана од неговата моќ и слава”, напиша таа додавајќи дека сè се случило во соба 312 и дека се почувствувала искористена и имала голема грижа на совест затоа што го  изневерила сопругот. Портпаролот на канцеларијата на Кристијано Роналдо ги отфрли овие тврдења наведувајќи дека се лаги и клевети.