Фудбал
Дали Реал Мадрид ќе го има најсилниот напад на сите времиња?!
Винисиус Јуниор, Родриго и Џуд Белингем се веќе тука, а на лето доаѓаат Килијан Мбапе и Ендрик, па повеќе од јасно е дека Реал Мадрид има напад во следната деценија.
Бразилецот Ендрик е на насловните страници откако постигна гол на Вембли во победата од 1-0 против Англија.
Тој го замени Родриго и со 17 години и 246 дена стана најмладиот стрелец на најголемиот стадион во Англија, а воедно и најмладиот по Роналдо и неговиот прв гол за Бразил во 1994 година.
Како што е познато, Ендрик на лето пристигнува во Реал Мадрид, откако летово „кралскиот“ клуб за неговиот трансфер на Палмеирас му плати 45 милиони евра.
Can anyone tell me how is this fair pic.twitter.com/pzxIrWQwR8
— Janty (@CFC_Janty) March 23, 2024
Ендрик ќе пристигне на лето, наводно го чека дресот со број 9, додека Килијан Мбапе би можел да ја наследи „десетката“ на Модриќ.
Инаку, треба да се напомене дека Французинот пристигнува бесплатно бидејќи му истекува договорот со Пари Сен Жермен.
Дали е ова потенцијално најсилниот напад во историјата?