Фудбал
Дали сте подготвени за нова рунда атомски фудбал, вечерва реванш Барселона-ПСЖ
Вечерва на програмата се два реванш натпревари од четвртфиналето на ЛШ. Барселона на домашен терен го пречекува ПСЖ, додека Борусија Дортмунд е домаќин на Атлетико Мадрид.
На првиот меч во Париз видовме фантастична игра пред се на Барса, која славеше со 3:2. Секако дека вечерва уште од прва минута ПСЖ ќе мора да нападне ако сака пласман понатаму, што ќе отвори простор за брзите играчи на Барса. Ова е секако предуслов да гледаме уште една рунда атомски фудбал.
Ништо помалку нема да биде интересно и на другиот меч. Атлетико Мадрид има предност од 2:1 од првиот дуел, но Борусија Дортмунд игра атрактивен фудбал, па за очекување се голови и на овој меч.
Двата меча се играат од терминот 21:00 часот.