Поврзи се со нас

Фудбал

Дали сте се прашувале зошто на дресовите на Арсенал секогаш имаше флека?!

Доколку сте се прашувале зошто на дресовите на Арсенал, пред десетина години секогаш имаше флека, стигна одговорот. Не станува збор за пот, ниту вода, туку за сосема нешто поинакво.

Прв кој носел „флека“ на дресот беше легендарниот Патрик Виеира, а потоа и останатите фудбалери, но не само на Арсенал, туку и другите клубови.

Станува збор за “Vicks Vaporub“, маст наменета за сузбивање на кашлица. За да делува потребно е да се нанесе на градите, грбот, но и грлото. Се произведува од дамнешната 1905-та година, но сега се поретко се употребува.

Исто така помага во болките на мускулите и зглобовите, а се кориси за лекување и од убоди од комарци.

Патрик Виеира пред се оваа маст ја користел за да ги прочисти дишните канали во носот и полесно да дише кога ќе се замори во текот на мечот. Од истите причини го користеле и останатите фудбалери.

 

Facebook

loading...